Градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, вели дека нема да ги урива трите платформи на Матка, но ќе ги одбие барањата за нивна легализација.

Барањето за легализација на едната платформа, онаа на која функционира ресторан, е веќе одбиено, но барателите поднесоа жалба. За другите две платформи барањата се уште не се одбиени, но нема да ги одобриме. Сите имаат право на жалба до второстепената комисија и за уривање мора да чекаме да заврши целосната правна процедура. Нашата идеја беше ако има простор правно да се најде целисходно решение за Матка, во кое и платформите би функционирале како урбана опрема, рече градоначалникот Блерим Беџети.

Беџети обвини дека во Матка се вплеткани различни интереси, но не сакаше да каже чии.

Беџети вели дека имал разговори со градоначалникот на Скопје за формирање јавно претпријатие, кое што ќе се грижи за Матка, а градоначалникот Шилегов му соопштил дека и без согласност од Општината, град Скопје сепак ќе го формира претпријатието.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.