Барокот на Шилегов очигледно не му пречи, а особено не кога треба неговиот лик да ја украси барокната зграда.
Петре Шилегов, и кандидатот на СДСМ за Центар, поставиле огромни паноа. Но, не на приватен билборд, туку на зграда во наша, во сопственост на граѓаните.Врз основа на кој закон е дозволено имотот на општините и државата да стане рекламно пано на СДСМ?прашува Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ
Тој прашува дали ова рекламно пано било понудено на сите политички партии да можат да се рекламираа, Или на државен имот, имотот на граѓаните, право на реклама има само и исклучиво на СДСМ?
Нема да дозволиме СДСМ да се однесува како Комунистичката партија на Северна Кореја.Исто како во комунистичките режими низ светот, Петре Шилегов сака да ја покрие сопствената неспособност и неработа поставувајќи огромни слики од кои сите треба да сме воодушевени.Напротив, големите лаги не можат да бидат покриени со големи слики.Оваа агресивност само ја покажува нивната слабост и стравот од пораз.Затоа на овие избори ќе победат граѓаните на Скопје.
За СДСМ доаѓа силен пораз од сите луѓе на Македонија.А за оваа злоупотреба ќе има одговорност. И за оние кои тоа го дозволиле, и за оние кои ги поставиле овие пропагандни реклами.17ти октомври е блиску, институциите ќе се ослободат од канџите на власта, а одговорност за ова дивеење ќе има
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.