Карпош, и Бардовци е твое дете, Работите против волјата на народот, Бидете со нас денес, да не биде доцна утре, Дислокација на центарот за странци се дел од паролите на денешниот протест во Бардовци против изградба на Центар за странци.
Жителите бараат од општина Карпош, но и од МВР објаснување за што точно се работи и велат дека се против изградбата на прифатен центар, зашто сметаат дека мирот и сигурноста ќе им се нарушат и бараат за тоа да се организира референдум. Според официјални информации на 10 мај почна изградбата на прифатен центар за странци финансиран од Европската Унија. Изградбата на објектот чини 1,47 милиони евра, а го гради градежната компанија Брегу од Албанија.
Министерот за внатрешни работи пред два дена изјави дека со цел подобрување на моменталните расположливи услови на постоечкиот Прифатен центар за странци, во тек е изградба на нов објект на Прифатен центар за странци, финансиран со средства од ЕУ во рамките на Националната ИПА програма за 2016 година, чиј главен корисник е МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.