После објавеното видео на новинарот Фуркан Салиу, градоначалникот Александар Наумовски им испратил видео со своја верзија на приказната.
Но, новинарот не застанал тука, па го посетил Волково и повторно разговарал со госпоѓа Перса која денес го критикуваше градоначалникот Наумовски пред Заев и пред медиумите.
Погледнете ја реакцијата на Баба Перса кога го виде видеото на градоначалникот на Ѓорче Петров.
Госпоѓа Перса тврди дека гребениот асфалт го купила лично таа од свои пари.
Како не му е срам, зошто не ме викнал мене да му кажам дека овој асфалт лично јас го платив со мои пари. 12.000 илјади јас го платив лично јас. Ма каква општина ви се молам, нека каже он на некој друг, не на мене. Земам 10.000 илјади пензија, плаќам за лекови и сметки. Нека дојде градоначалникот и нека ми каже кој ова го направил, вели госпоѓа Перса.
Доколку се потврди дека асфалтот го купила госпоѓа Перса, а општината т.е градоначалникот велат дека тие привремено ја завршиле обврската ставајќи гребен асфалт, тогаш се поставува прашањето – дали градоначалникот Наумовски ќе си поднесе оставка од функцијата градоначалник поради изнесување лаги и невистини во јавноста?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.