Aвтобусот што изутрината се запали на терминалот Транспортен центар е приватен автобус, сопственост на „Слобода превоз”, кој сообраќал на линија 45, соопшти ЈСП Скопје.
На терен веднаш интервенирала Бригадата за противпожарна заштита, а увид направи и екипа на МВР.
Нема повредени патници, ниту околни минувачи, причинета е само материјална штета на возилото.
Увид направи и Внатрешна контрола на ЈСП. Според изјавата на возачот, неколку минути пред 8 часот, тој се подготвувал да се вклучи на линија. Го запалил возилото, по што забележал чадење. Со противпожарен апарат се обидел да го изгаси огинот, но, тој за брзо време почнал да се шири.
Во меѓувреме на терен пристигнала и екипа на Бригадата за противпожарна заштита, која спречила пожарот да ескалира.
Според првичните сознанија, причина за пожарот е краток спој на електричната инсталација на автобусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.