Градскиот автобуски превоз во Скопје од попладнево се одвива бесплатно.
Ваквата мерка важи за автобусите на ЈСП, како и на приватните превозници.
Почитувани корисници на јавниот превоз,
Ве информираме дека денеска, понеделник (27.12.2021 год) од 18 часот, користењето на јавниот превоз ќе биде бесплатно за сите граѓани.
Оваа одлука е една од пакетот итни мерки на Град Скопје за намалување на загадувањето на воздухот и заштита на здравјето на граѓаните.
Бесплатениот превоз ќе важи се до наредните препораки – информираа од ЈСП.
Ваквата одлука е дел од сетот мерки и препораки што ги донесе Град Скопје со цел намалување на загадувањето и пред се заштита на здравјето на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.