Од јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП) информираат дека јавниот превоз во петок, сабота и недела ќе функционира од 5 до 14 часот, а автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Во петок и во недела од 7.30 до 12 часот ќе работат билетарниците на Зелено пазарче и Ѓорче Петров, а во истиот период отворен ќе биде и центарот за персонализација на Транспортен центар.

Во сабота од 7.30 до 12 часот ќе работат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел (пазар), билетарницата на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај дирекцијата на ЈСП Скопје.

Отворени од 7.30 до 12 часот ќе бидат центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар.

Од ЈСП потсетуваат дека билетите на ЈСП Скопје можат да се купат и во над сто маркети и трафики, дел од секундарната продажна мрежа на претпријатието.

Посочениот режим на јавниот превоз и работното време на билетарниците е во согласност одлуката на Влада за ограничено движење на граѓаните за време на првомајските празници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.