По синочешната драма кај спортскиот центар,,Борис Трајковски“, каде по долга расправија меѓу сопственикот на „Нехар турс“ и незадоволните граѓани кои имале уплатено четиридневна тура во Црна Гора, автобусите доцна во вечерта тргнаа со по 15 патници, со полициска придружба биле вратени од граница, пишува Слободен Печат.
Патници сопственикот на агенцијата го информирале навреме дека не сакаат да оди на пат за Црна Гора и побарале да им биде вратена уплатата за туристичкото патување. Од сопственикот на Нехар турс добила одговор дека можат да и бидат вратени само 10 проценти од уплатените средства.
Сопственикот на туристичката агенција ги убедувал патниците дека треба да се качат во автобусите и да го реализираат своето туритичко патување со Херцег Нови и покрај препораките на Владата да бидат откажани сите туристички патувања поради коронавирусот. Сепак имало 15 „најхрабри“ кои трегнале да патување.
Турата беше предвидена да пристигне на денот кога треба да се затвори фестивалот на мимозите и каде што требаше да има концерт Жељко Јоксимовиќ. Јоксимовиќ го откажа концертот, но не и Нехар турс својата тура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.