Автобусите на ЈСП „Скопје“ од утре ќе почнуваат да сообраќаат од 5 часот со оглед на најновата одлука на Владата за забрана за движење на населението од 21 до 5 часот наместо до 6 како во изминатиот прв ден од полицискиот час.
Како и во изминатите денови од прогласувањето на вонредната состојба, автобусите од градскиот превоз ќе сообраќаат по саботен возен ред.
-Одлуката ќе важи сѐ до наредните препораки, согласно со препораките и преземените мерки на Владата на РМ за превенција од ширење на коронавирусот, соопшто Јавното сообраќајно претпријатие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.