Авионот од Истанбул кој вечерва требаше да слета на аеродромот во Скопје се вратил назад во Турција заради немање услови да слета на скопскиот аеродром, дознава „Скопје1.мк“.

Авионот направил неколку обиди да слета, но од безбедностни причини било оценато дека слетувањето не е изводливо. Не е јасно зошто авионот не слетал на аеродромот во Охрид. Во авионот била и дел од делегацијата од Македонија која учествуваше на самиотот на УНЕСКО во Баку, заедно со градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски и други членови на делегацијата.

Еден од членовите на делегацијата Андреј Жерновски, заменик-министерот за надворешни работи пред два дена се вратил во Македонија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.