„Авантура парк“ со адреналински и рекреативни содржини за деца ќе добие скопската Зоолошка градина. Паркот ќе биде отворен за посетителите напролет, а ќе биде донација од Агенцијата за млади и спорт.

Ќе содржи реквизити со различни нивоа на предизвик односно ќе бидат поставени лавиринти, дрвени куќарки, јажиња со препреки и многу други интересни содржини со загарантирана безбедност. Ќе можат да го користат деца над петгодишна возраст.

Сакаме Скопје да го има овој парк. Многу европски и светски метрополи имаат авантуристички паркови во природа. Тоа е парк кој служи истовремено за забава и физичка активност за деца над петгодишна возраст. Со децата ќе работат луѓе кои се обучени за тоа. Со директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и градоначалникот Петре Шилегов одлучивме бесплатно да го користат децата од сите основни училишта во делот на часовите по физичкото воспитување. Проектот е во изработка и се надеваме дека напролет, Скопје ќе го добие еден од најубавите авантуристички паркови во регионот“, вели директорот на Зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски.

Во Зоолошката градина на пролет ќе биде отворен и „Дино парк“, во кој во природна голема ќе бидат поставени 50 диносауруси.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.