Атиџе Муратова, главната протагонистка на македонскиот докумантарен филм „Медена земја“ што беше номиниран за два Oскара, денеска се онесвести за време на отворањето на „Денови на македонскиот мед“ што се одржува во Скопје на улица „Македонија“.
Таа изгубила свест за време на говорот на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Аријанит Хоџа и на градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ. Веднаш била повикана Брза помош која и ја дала потребната нега.
Атиџе која скромно дојде на отворањето, побуди голем интерес кај присутните кои со интерес ги проследуваат пчелните призводи поставени на штандовите, а некои можат да дегустираат мед и да се информираат за матичниот млеч, поленот и прополисот како здрава храна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.