Откако излезе информацијата во јавност дека тројцата портпароли на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, Наум Стоилковски и Марија Митева се предложени за членови на Управни одбори на јавни претпријатија на Град Скопје и откако ова наиде на критики, тие преку социјалните мрежи порачаа дека ќе побараат нивните имиња да бидат изземени од предлозите.
Гледајќи ја целата оваа паника, страв и оцрнување на моето име на социјалните мрежи од партиските апаратчици и оние поддржувачи, а дел и креатори на криминал и корупција во институциите, сакам јавно да известам дека барам да бидам отстранет од предлог-листата за член на УО, од едноставна причина, што нема да дозволам стравот и паниката на СДСМ да се насочи кон навреди и оцрнување на моето име и семејство, но и ВМРО-ДПМНЕ, чии кадри работат чесно и искрено откако се на функциите, порача Димче Арсовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.