Навистина ни е неопходно да имаме квалитетна, непречена инфраструктура за велосипедистите, за пешаците. Тие треба да се приоритет и тоа треба да се стимулира што е можно поактивно, но она што го гледам и денеска, затоа што е врнежливо, е дека во овој момент сообраќајот е во хаос. Меѓутоа во хаос сме ние 365 дена, наназад со години. Така што верувам дека сообраќајните решенија коишто се неопходни да го растоварат хаосот во Скопје треба да се имплементираат што е можно поскоро – изјави Данела Арсовска, кандидатката за градоначалник на Град Скопје во дебата на „ТВ АЛСАТ М“.
Арсовска нагласи дека во нејзината програма „За модерно Скопје“ се содржани проекти за изградба на пет булевари коишто ќе значат решавање на сообраќајниот хаос и метеж во Скопје.
Затоа кај мене во програмата има пет булевари кои ќе го сторат токму тоа во следниот период и тоа почнувајќи со булеварот Хрватска од Бутел до Автокоманда, булеварот Словенија – негово продолжување до Ѓорче Петров. Со ова, практично со овие два булевари ќе се дооформи онаа внатрешна, ако може така да се каже, обиколница, по која ќе се растовари и голем дел од сообраќајот во овој дел од градот.
Потоа Метрополит Теодосиј Гологанов од студентскиот дом Гоце Делчев до местото каде што се спојува со булеварот Ѓорче Петров – ќе има негово проширување во четири ленти и тоа ќе биде една функционална делница. Борис Трајковски до Драчево четири години стои во место, сега има толку многу големи гужви и како што напоменавте сообраќајки таму што навистина е штета.
И последно, подземната сообраќајница со кружници кај Нова Македонија и кај Рампа, се ќе биде поврзано. Да не заборавиме дека ќе има и едно ново булеварско решение почнувајќи од сега новиот мол којшто ќе се движи до натпатникот кај Старата скопска чаршија којшто ќе овозможи растоварување на сообраќајот на овој дел од градот – посочи Арсовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.