Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, гостуваше во емисијата „Стадион“ на Радио Мрежа Канал 77.
Согласно изборниот слоган на кампањата на кандидатката за градоначалник „Брзо и сигурно“ – ја прашаа како ќе го подобри функционирањето на градот во делот на сообраќајната инфраструктура со брзите решенија што ги најавува.
Секојдневно сум во комуникација со скопјани и често ми е потенцирано дека тие веќе немаат време за чекање, сакаат нивните услови за живот и квалитетот на нивните животи, да бидат подобрени веднаш. Моето решение е бесплатен, квалитетен и удобен јавен превоз, којшто ќе сообраќа до секое населено место од градот, а во исто време ќе ги задоволи и еколошките стандарди со цел скопјани да живеат во едно поубаво место – одговори Арсовска
На прашањето дали има креирано финансиска конструкција за овој проект, Арсовска истакна дека има и посочи дека како човек со повеќе од 20 годишно искуство во делот на економијата, не би најавила ваков проект доколку смета дека не може да биде финансиски издржан. Од друга страна, пак, таа посочи дека големи се непродуктивните трошења на грбот на граѓаните, а со оптимизација на ваквите трошоци, во голем дел ќе се обезбедат средства за реализација на проектот.
Понатаму, во емисијата побараа од неа да истакне неколку клучни приоритети на коишто ќе се посвети во сите четири години мандат на функцијата градоначалник на Град Скопје.
Иако имам многу приоритети што настанаа од мојата визија за модерно и современо Скопје, сепак во интерес на времето ќе ги истакнам бесплатниот јавен автобуски превоз и набавката на нови 250 еколошки автобуси, петте нови големи булевари кои што во Скопје некој ги ветуваше, а ветувањето не го исполни, но јас знам како и можам да ги реализирам, ревидирање и прилагодување на висината на данокот на имот, Водно – зелен штит на Скопје, 25% поевтини паркинзи во сите општини во градот, гасификација на градот за чист воздух, справување и ставање крај на корупцијата, Скопје да биде град без заборавени населби. Накусо, овие проекти ќе бидат во мојот главен фокус и целосно ќе бидам посветена на нивната реализација во мојот четири годишен мандат – кажа Арсовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.