Скопската градоначалничка Данела Арсовска заедно со тимот денеска излезе на терен по бројните поплаки од граѓаните за преполни контејнери ширум градот. Арсовска соопшти дека го посетиле ЈП „Комунална Хигиена“, од каде добиле ветување од одговорните на смена дека ситуацијата ќе биде надмината во најкраток можен рок.
Проблемот беше решен за неполн час. Проблемите ќе се решаваат тековно, остануваме на терен и редовно ќе ја контролираме работата на сите градски претпријатија, а ќе одржиме состанок со раководството на јавното комунално претпријатие каде ќе биде расчистено зошто повеќе од недела дена на неколку локации во Скопје не се собира сметот од контејнерите со динамика согласно потребите. На секоја дојава на граѓани ќе реагираме. Нема да има отстапки за неодговорно однесување на градските служби. Нема да дозволиме некој наместо професионално да раководи, да собира политички поени на работа што треба да биде завршена без да се јавува самиот градоначалник, а на терен ќе бидеме присутни постојано бидејќи ред мора да има, порача Арсовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.