Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска денеска на теренската активност од врата на врата ги посети граѓаните на општина Гази Баба, се наведува во соопштението од нејзиниот тим.
На овие средби Арсовска во разговор со жителите на општината ја презентираше својата програма за модерно Скопје и воедно ги слушна приоритетите кои ги истакнаа граѓаните, со цел подобрување на квалитетот на животот во ова населено место.
Потребно е итно решавање на актуелните проблеми на Гази Баба, не треба да чекаме туку да започнеме веднаш“, им порача на граѓаните на оваа општина независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовски.
Притоа Арсовска изнесе конкретни решенија за проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните на Гази Баба, како проблемот со чистата вода за пиење, непостоењето фекална канализација во некои делови од општината, лошата поврзаност со центарот на градот и високата загаденост на воздухот.
Ќе направиме директна врска помеѓу Гази Баба и Аеродром, ќе направиме голем мега парк во општината, ќе ги обновиме постојните и ќе создадеме нови пешачки и велосипедски патеки, урбана опрема и летниковци, ќе направиме фекална канализација“ – им посочи Арсовска на граѓаните на општината и најави дека ова се само дел од проектите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.