Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска ја посети населбата Ченто во општина Гази Баба.
Граѓаните на оваа населба отворено зборуваа за општинските проблеми што ги имаат и што им го загрозуваат секојдневието. Неасфалтирани улици, немање доволно паркинг места и граѓаните ги оставаат своите автомобили на улиците, со што се создава хаос во сообраќајот, кога врне дожд пливаат по улиците, неосветлени улици, лошата поврзаност со центарот на градот и високата загаденост на воздухот се само дел од проблемите кои ги посочија граѓаните. Тие исто ги кажаа и ветувањата кои ги имале од актуелниот градоначалник, како ревитализација на игралиштето, расчистување на депонијата, рушење на дивоградбите, ново училиште, но ниту еден од овие проекти не е реализиран.
Потребно е итно решавање на актуелните проблеми, не треба да чекаме туку да започнеме веднаш. Ние имаме конкретни решенија за оваа општина и истите ќе ги имплементираме во најкраток можен рок. Ќе ги поврземе општините Гази Баба и Аеродром и со ова ќе осигураме полесен пристап и растоварен сообраќај. Во Гази Баба е планиран и голем мега парк. Во сите населби во општината ќе ги обновиме постојните и ќе создадеме нови пешачки и велосипедски патеки, ќе направиме фекална канализација, посочи Арсовска пред граѓаните на општината и најави дека ова се само дел од проектите од нејзината програма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.