Денес во единствениот парк во општина Чаир, имавме многу пријатна семејна прошетка со Беким Сали, кандидатот за градоначалник на општина Чаир и неговото семејство, сподели кандидатката за градоначалник на Скопје Данела Арсовска, додавајќи дека за жал, заеднички констатирале дека паркот е во лоша состојба и сѐ повеќе се намалува под притисок на бетонизацијата и урбаниот хаос.
Се договоривме заедно дека неговата ревитализација, проширување и изградба на нови големи зелени површини во Чаир и во Скопје ќе бидат меѓу врвните приоритети и на општина Чаир и на градот Скопје. Зелените површини не се само места за релаксација и одмор туку ќе бидат и места исполнети со содржини кои ќе придонесуваат за зближување на сите граѓани на град Скопје.
Сакам на Елиф и на ќерките на Беким да им се заблагодарам за одличното гостопримство и дружба. Ќе биде чест да се соработува!
За наше Скопје!, порача Арсовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.