Јас ги повикав, не само една компанија туку сите оние компании, сите оние претпријатија кои што сакаат да покажат сега немаме само енергетска туку имаме и економска, здравствена криза да ја покажат својата коорпоративно општествена одговорност и да излезат во пресрет сите оние кои што генерирале некакви профити во оваа година иако беше тешка, да ја покажат својата одговорност и едноставно да помогнат градот да има навистина убава и празнична атмосфера“.

Oва го истакна градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.
Арсовска додаде дека градот ќе биде украсен и тоа нема да никакви финансиски импликации на Град Скопје.

„Градот ќе биде украсен и во секој случај тоа нема да биде во оној обем во кој што било други години, затоа што сега во овој случај не е само поради енергетската криза, туку и економската криза и ќе биде во помал обем, но сепак целиот плоштад и централното градско подрачје ќе биде соодветно украсено“, нагласи Арсовска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.