Денеска во градскиот парк во организација на Здружението „Борка–За секој нов ден“, во соработка со најголемата европска алијанса на пациентски здруженија „Think PinkEurope“ се одржа настан како дел од кампањата за борба против ракот на дојка. Идејата е да се подигне јавната свест и да се даде поддршка на сите лица кои се соочиле и кои се соочуваат со оваа подмолна болест и да се испрати јасна порака за важноста на раната дијагноза.
„Ја поздравувам инцијативата на здружението „Борка–За секој нов ден“ и нивната несебична поддршка и помош на сите жени кои се соочиле со оваа болест. Јас сум една од тие жени кои ја добила битката со ракот и посакувам сите да го победат. Но не секогаш е така, па затоа сакам да упатам порака дека најважни се редовните прегледи и раното откривање на болеста. Болеста не прашува за години и пол. Кога јас се соочив со болеста бев многу млада, но сепак со единствена мисла дека морам да победам. Колку и да е тешко кога ќе дознаете, најважно е брзо соочување и борбата со болеста. Никако не смее негативните емоции да надвладеат, иако е многу полесно ова да го слушнете отколку кога ќе се соочите. Сепак најважна е поддршката, јас имав поддршка од целото семејство и сите пријатели. Затоа и јас несебично ја давам мојата поддршка и секогаш сум отворена за сите кои сакаат да разговараат со мене за ова“, изјави Данела Арсовска, кандидат за градоначалник на град Скопје.
Пациентите од рак не смеат да бидат заборавени поради пандемијата и секој од нив заслужува персонализиран пристап на терапија, достапност до најсовремените иновативни лекови и навремена терапија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.