Дорис Пак, претседателка на асоцијацијата на жени во Европската народна партија (ЕПП) и поранешна европратеничка, ја изрази својата поддршка за мене како иден градоначалник на Град Скопје и изјави дека Скопје заслужува да добие жена за градоначалник, професионалец и докажан менаџер. Поддршката од ваква силна и моќна жена, доаѓа како резултат на моите заложби и визии Скопје да биде европски, модерен и современ град, вели кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска.
-Женската солидарност, како посебен феномен е од важно значење за правилно развивање на општеството во сите негови сфери! Благодарност за поддршката!, пишува Арсовска на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.