Независната кандидатка за градоначалник за Град Скопје, Данела Арсовска, вечерва во изборното соочување во МТВ, истакна дека на секој граѓанин треба да му се обезбеди во Скопје да има основни услови за живот, затоа што градот има отсечени населби и заборавени граѓани, таа истакна дека еден од нејзините приоритети ќе биде Скопје да нема повеќе заборавени населени места.

Скопје мора да има основни услови за живот, во оваа наша како што сакаме да ја наречеме метропола, нашиот град е нечист, тој тоне во нечистотија, имаме диви депонии на секој чекор, имаме согорување на опасни материи во воздухот, јавниот превоз е неорганизиран, не пристига до сите населени места на оние граѓани кои им е навистина потребен, се соочуваме со проблеми во инфраструктурата, урбанистичко дивеење, сообраќаен хаос, има населени места кои се отсечени од Скопје, луѓето немаат асфалтирани улици, ниту пак фекална и атмосферска канализација, со месеци немаат вода за пиење, критикуваше Арсовска вечерва.

Таа посочи дека еден од главните проекти за Скопје кои ќе ги реализира е градот да нема веќе заборавени населби, затоа што има голем број на места кои како да живеат во минатиот век и немаат основни услови за живот, а заслужуваат сите граѓани подобар живот.

Јас верувам дека за сите граѓани подеднакво треба да е градот посветен и да им овозможи грижа и некој кој ќе инвестира во подобро Скопје, кој ќе биде модерен и убав град, истакна Арсовска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.