Диви депонии има во секое населено место, градот тоне во смет и во депонии што никнуваат насекаде. Денеска, при посета на Матка и Езерото Треска наидовме на две диви депонии кои некој не сака да ги види, а уште помалку да ги исчисти, објави на социјалната мрежа кандидатката за градоначалник, Данела Арсовска.

Дали ова се истите тие депонии за кои актуелниот градоначалник вели дека се исчистени. Ова е реалната слика за Скопје денес. Град кој се дави во смет и диви депонии. Постојани контроли, инспекции и грижа да не се појават повторно, треба да биде секојдневна обврска на градот. Чистењето на градот и околината од дивите депонии е еден од приоритети на Програмата на Данела Арсовска, За модерно Скопје.

До мене секој ден пристигнуваат фотографии од депонии од различни локации. Некои од нив секојдневно се палат, го загадуваат воздухот, почвата и подземните води и ги загрозуваат нашите животи. Ваква не смее да биде иднината на Скопје и скопјани. Токму затоа чистењето на депониите е еден од приоритетите во мојата програма. Ќе ги исчистиме сите депонии за точно 82 дена и ќе го ревитализираме просторот во чиста зелена површина, вели Арсовска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.