Над 50 милиони евра долг оставил поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов, откри на денешниот брифинг со новинарите новата градоначалничка Данела Арсовска. Нетранспарентни јавни набавки, кредити, огромни суми потрошени на кафеани се само дел од работите за кои алармираше Арсовска, а детални суми, колку точно пари биле потрошени и за што, се очекува од извештаите кога ќе заврши ревизијата.
Градот е соочен со големо задолжување и во овој момент она што е останато како простор, за практично може нешто да се направи по основ на кредитирање, е скоро никаков. И тоа видов дека некој од претходното раководство се обиде да го претстави како моја слабост, дека нема да можам ад кредитирам, наместо да го претстави како свое критизерство лично, што овозможил градот за четири години да се задолжи три пати повеќе од тоа што бил порано во претходниот мандат на неговиот претходник, истакна Арсовска.
На денешниот брифинг, Арсовска ги претстави и в.д директорите на претпријатето Дрисла и Улици и патишта, информираше дека се исчистени околу 120 диви депонии а ќе се активира инспекциски надзор во три смени за да се спречи дополнително полнење на депониите. За новогодишното украсување информираше дека веќе е во тек, од страна на општествено одговорна компанија. За најлудата ноќ, скопјани на плоштад Македонија ќе се забавуваат со македонски изведувачи, но деталите ќе бидат соопштени деновиве.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.