Независната кандидатка за градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, ги собра потребните потписи за нејзината кандидатура, по што јавно изрази благодарност до граѓаните и им порача дека е време сите заедно да го направиме метропола со која ќе се гордееме.

Арсовска вели дека е време за брзи и ефикасни решенија за нашиот град, бидејќи сите сакаме да живееме во убав град.

 За Скопје од нас, за наше Скопје. 

 

Сега како официјален независен кандидат за градот Скопје би сакала да повторам зошто сум независен кандидат. Јас не сум член на политичка партија и ја барам поддршката од сите граѓани и партии да ме поддржат. Горда сум на скопјани, на нивната енергија и горда сум што сум нивен кандидат. Секоја поддршка е добредојдена.

 

Само добар менаџер може да го спаси Скопје од сивилото. Доста ни е од приказни дека требаат години да се смени сегашната стагнација на градот. Потребни се луѓе кои се енергични, со искуство и со јасна визија каде оди градот. Доста е од големи неисполнети ветувања, секој проект се завршува навреме ако е реален и издржан. Затоа повторувам, за две години можни се проекти и тие ќе бидат остварени. Секој што работел со мене знае дека во секој проект давам 100% од својата енергија за да успее.

 

Влегувам во оваа трка за градоначалник со чисто срце и јасна визија.
Уште еднаш, Ви благодарам за денешната поддршка и одиме на победа! – порача Арсовска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.