Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, порачува дека ќе се труди нејзината работа да нема допир со политиката туку работите да се променат, да се работи од аспект на човечност, професионалност и квалитет.
Таа истакна дека во администрацијата ќе се цени професионланоста на вработените и дека нема да има одмаздољубивост.
Истовремено, Арсовска истакна дека посакува истиот принцип да го прифатат и членовите на Советот, за сите заедно да работат за интересите на граѓаните и на градот. За таа цел, Арсовска најави дека ќе се направат напори седниците на Советот да бидат пренесувани во живо за секој да може да види што се случува и што се дебатира.
Очекувам да соработувам со 45 советници на скопјани и верувам дека ќе биде така. Сакам да бидам обединувачки фактор за сите. Советниците не се партиски советници туку советници на граѓаните и сакам сите така и да работиме – изјави Арсовска.
Градоначалничката на Скопје информира дека разговарала со останатите кандидати за градоначалник на гласвниот град, со кои договорила тело кое ќе разгледува кој од нивните проекти може да биде имплементиран и вметнат во градската програма.
Таа сооопшти и дека ќе се продолжи со реализација на почнатите проекти од претхјодната администарција.
Има зафати за кои има почнати или завршени проекти и кои ќе бидат продолжени и целосно реаллизирани. Не сакам да бидам некој што руши. Ќе се продолжи се што е во интерес на граѓаните и е почнато и изведувано во законска постапка, односно каде што нема ништо криминално или надвор од законот – потенцира Арсовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.