Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска во синоќешното интервју на Канал 5 ја најави можноста скопјани на реферндум да изберат дали се да воведување на БРТ превозот или пак друго решение.

Ги информирав ЕБОР за ризиците во процесот. А, и самите граѓани на изборите избраа друг концепт. Референдумот е една од опциите, граѓаните да одлучат дали сакаат едно или друго решение. Не само за ова, ќе почнеме да го практикуваме референдумот за сите побитни работи. За БРТ граѓаните не беа прашани. Постапките не се отидени во некоја длабока фаза, сега тоа ќе се запре за да се испитаат сите работи, вели Арсовска.

Арсовска дека воведувањето на бесплатен јавен превоз се прави во етапи, а ако се воведе денеска нема да биде ефиаксен.

Бесплатниот превоз ќе биде воведуван во етапи. Процесот е веќе почнат со оптимизација на возниот ред. Дури и денеска да одлучиме Градот за наредна година да дотира цела сума за да има бесплатен превоз, нема да има ефикасност, бидејќи ќе се зголеми нагло бројот на граѓани ќе сакаат да го користат, нема капацитет и нема да биде ниту поквалитетен, ниту подобар.
За пензионерите секако е неопходно да имаат бесплатен превоз секој ден. Потоа да се изедначат категориите, и оние од приватните училишта и факултети да имаат бесплатен превоз и продолжуваме да се воведат и нови автобуси на брзи ленти. Во првите три месеци ќе се буџетира бесплатен превоз за пензионерите, рече Арсовска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.