Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, порача дека раскинувањето на договорот за новогодишно уредување потпишан непосредно пред промена на градската администрација е раскинат затоа што не е во интерес на граѓаните да бидат потрошени 240 илјади евра на лампиони и светилки.

Арсовска, на брифинг со новинарите, порача дека дека градот ќе биде украсен за новогодишните празници, за што ќе влијаат и условите во енергетската криза и можните рестрикции на струја.

Скопјани не сметаат дека лампиони треба да чинат 240 илјади евра. Раскинувањето на договорот не значи дека градот нема да биде осветлен или ќе биде тажен. Сепак, реалноста е дека е прогласена енергетска криза, има најави дека ќе има рестрикции или барем намалување или исклучување на уличлното осветлување, некои од општествено одговорните компании веќе ги исклучија своите светлечки реклами. Новогодишните силјалички се приклучуваат на уличното осветлување и затоа не може Градот да плаќа за новогодишно осветлување кога можеби нема ни да има улично осветлување. И покрај тоа, градот нема да биде тажен за Нова година и ќе најдеме начин скромно да ги прославиме празниците – изјави Арсовска.

Прашана дали раскинувањето на договорот ќе предизвика одредени финансиски импликации за Градот, Арсовска вели дека постојат правни постапки коишто некој субјект може да ги покрене без оглед дали е во право. Таа додава дека од компанијата одбиваат да ја испочитуваат правната постапка и официјално да ја примат одлуката за раскинување на догворот.

Иако сите во Скопје и Македонија знаат дека договорот е раскинат, компанијата одбива правно да биде информирана. Ние немаме огласна табла за да ја објавиме таа одлука, доколку тие го избегнуваат приемот. Ние сме отворени за средба и разговор софирмата за да се реши проблемот, но понатамошните дејствија ќе зависат од тоа дали од компанијата ќе сакаат да одат спротивно на желбите на граѓаните – изјави Арсовска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.