Градоначалничката на Град Скопје, ДАнела Арсовска, се сретна со претставници на граѓанските здруженија „Го сакам Водно“ и „О2“, со кои разговарале за заштита на Водно, за предизвиците во исполнувањето на таа мисија и за нивните идеи и замисли за нивно трајно решавање.
Итноста на состојбите налага да се донесе „Lex specialis“ закон за Водно, чија рамка е креирана, а во чие финално изготвување ќе учествуваат експерти и претставници на граѓанските здруженија.
Важно е да се креира трајно решение со цел оневозможување на понатамошна узурпација на парк-шумата Водно – порачува Арсовска по средбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.