Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на денешниот брифинг со новинарите истакна дека е почната реконструкција на Универзална сала,  а за внатрешната реконструкција претходната градска власт воопшто нема проект.

Проектот за реконструкција на Универзалната сала продолжува, тоа е тековен проект финансиран од Владата – објасни градоначалничката Арсовска.

Во однос на втората фаза од реализацијата на овој проект, односно за внатрешното реконструирање на Универзална сала, градоначалничката Арсовска истакна дека нема проектна документација, а не се обезбедени ниту финансиски средства, потенцирајќи дека буџетот е во катастрофална состојба и Градот во моментов е презадолжен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.