Ќе се откажам од статусот конзул на Унгарија како и од функцијата претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија, со цел да ја извршувам градоначалничката функција, истакна Данела Арсовска, кандидатот за градоначалник на Скопје на вечерашната гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.
На прашање од водителот што ќе се случи со статус конзул на Унгарија, Арсовска одговори:
“Како што имам статус на конзул на Унгарија, исто така имам и статус на претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија и ќе се откажам од сето тоа, затоа што во следниот период единствената намера што ја имам е да бидам претставник на сите скопјани во градот Скопје”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.