Запоставениот градски парк и неспособноста за обезбедување на повеќе зелени места во градот е еден од проблемите на скопјани.
Данела Арсовска во нејзината програма предвидува изградба на пет нови мега паркови во Гази Баба, Чаир, Аеродром, Кисела Вода и Ѓорче Петров по примерот на градскиот парк.
-Последниве години сме сведоци дека останавме без дрвја за сметка на бетонизацијата. Oвие неколку години Скопје доживеа урбан хаос, се градеше на места без долгорочен план и стратегија за иднината. Зеленилото е потреба на секој модерен град, а ние во континуитет го губиме. Нема компромиси кога станува збор за здравјето на граѓаните, нема компромиси наместо зеленило да се градат згради кога Скопје е еден од најзагадените градови. Скопјани имаат само еден парк и тој не е среден како што треба, изјави Арсовска.
Новите паркови ќе бидат изградени со урбана опрема, спортски зони и пешачки патеки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.