независната кандидатка за градоначланичка на град Скопје, Данела Арсовска, беше на неформална средба, врата до врата во Волково.

Арсовска разговараше со жителите на Волково и вети дека заеднички ќе најдат решение за сите проблеми.

Одиме секојдневно на терен, разговараме со жителите и досега детектиравме многу проблеми. Заедно со жителите ќе избереме приоритетни проекти за кои веднаш ќе почнеме да изнаоѓаме решение. Жителите во Волково најмногу реагираат на основните потреби, на нивото на хигиена, ѓубрето не се собира доволно често. Но, најголем проблем е во делот на канализација и улиците со кал. Ветувам дека ова ќе ни бидат првите проекти кои ќе почнеме да ги реализираме, плански и ефикасно – изјави Арсовска по средбата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.