Градоначалничката Данела Арсовска најави дека од наредна недела се отпочнуваат редовни контакти со медиумите, ќе се елаборира што е она кое што се случува во градот

Јас со мојот однос мислам дека сум целосно спротивност од она кое што сме го имале во претходното раководство на градот. Планирам да воспоставам еден поинаков можеби начин на соработка и од следната недела па натаму со отпочнување на редовни контакти со медиумите, не само со брифинзи туку и со прес конференции едноставно ќе се елаборира што е она кое што се случува во градот“, истакна Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.
Арсовска додаде дека сака да има одговор на сите прашања кои ги мачат граѓаните, а со еден месец како градоначалник тоа не е можно.
„Отпочнати се процесите за сите работи, не само за проектите кои треба да се реализираат туку и за ревидирање на сето она кое што се случува во градот. Навистина наидуваме на зачудувачки работи и верувам дека за истите низ еден процес кој што ќе биде транспарентен понатаму и ќе биде разоткривани состојбите“, рече Арсовска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.