Кандидатката на градоначалник за Град Скопје на вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ, во Аеродром истакна дека во Скопје нема да има веќе заборавени места како што беа Горно и Долно Лисиче во овие четири години, како и дека сите скопјани заслужуваат бесплатен јавен превоз, модерен град со еколошки автобуси, а таа вети дека истото ќе го реализира и многу повеќе за Скопје да е град на среќни граѓани.
Каде е новата гимназија која требаше да изникне во Аеродром? Каде е решавањето на сообраќајниот шпиц? Каде е надвозникот меѓу Аеродром и Кисела Вода, на Трета Македонска бригада преку пругата? – праша Арсовска и дополни дека власта ни дупките на улиците не ги алсфалтираше, а не да зборуваме за големи проекти.
Не смее да ни се повтори истата грешка, верувам дека скопјани не сакаат да го гледаат она кое до сега ни се случува во градот, но, ние имаме план и методологија, Скопје да стане поубаво место за живеење и тоа ќе го овозможиме, Скопје да биде град на среќни луѓе, рече Арсовска.
Арсовска посочи дека Горно и Долно Лисиче веќе нема да бидат заборавени населени места, како и крај на супстандардните услови во кои живеат скопјани, кои заслужуваат да живеат достоинствено.
Двата стратешки проекти се, 250-те нови еколошки автобуси и бесплатниот јавен превоз за сите скопјани, за кои власта имаше доволно време да ги реализира, но тоа не го направи, сега е време за модерно Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.