Независната кандидатка за градоначалник на град Скопје, утрово се сретна со жителите од општина Аеродром. Разговараше со пазарџиите и потрошувачите на пазарчето во трговскиот центар Бисер и се сретна со голем број жители и поддржувачи од општината.
Се обврзувам дека ќе изнајдеме решенија за сите проблеми со кои се соочуваат жителите од оваа општина уште од првиот ден од мојот мандат и ќе ги решиме во првите две години. Ќе бидам градоначалник кој во договор со сите граѓани ќе работи на проекти кои се од суштинско значење со цел подобрување на квалитетот на животот во општината, во градот и на сите нас. Фокусот ќе го ставиме на подобрување на инфраструктурата, решавање на проблемите во сообраќајот, брз, безбеден и квалитетен јавен превоз, повеќе пешачки и велосипедски патеки, повеќе зелени површини. Во општина Аеродром е планиран и нов Мега парк, по примерот на градски парк, како и повеќе паркови низ сите населби кои се дел од општината“ – изјави Арсовска на средбата со жителите од општината.
Жителите на општината се пожалија и на лошиот квалитет на воздухот од дивите депонии и од Вардариште, за што Арсовска најави итно санирање и чистење.
Таа, исто така го престави и својот проект за изградба на Скопје Инопарк на површина од 7000 метри квадратни за економско јакнење на општината преку користење на ИТ ресурсите и потенцијалите од индустријата и овозможување професионален раст за младите од оваа општина но и од целиот град. Арсовска најави и изградба на мултимедијален центар кој ќе нуди содржини за сите посетители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.