Кандидатката за градоначалничка на Скопје Данела Арсовска му одговори на противкандидатот Петре Шилегов дека проектите кои се дел од нејзината програма нудат брзи, сигурни, професионални решенија за проблемите со кое се соочуваат скопјани. Шилегов ја обвини Арсовска дека со бесплатен јавен превоз ќе го турне ЈСП во долгови.
Незнаењето, мрзливоста и ароганцијата не му дозволуваат на Петре Шилегов да погледне пошироко од својата политичка матрица и политичка кариера. 4 години имавме градоначалник од кој не видовме ниту еден реализиран проект, освен обиди за нешто во последните неколку месеци. Изгубени во сопствената мрзливост, незнаење и фалбаџиство. Шилегов ветуваше нова гимназија, едно јаболко на секој средношколец, но нема ниту гимназија а уште помалку средношколците добија јаболко. Шилегов вети гасификација, нема реализација. Јавното сообраќајно претпријатие континуирано работи со загуби, и тоа дури 139 милиони. И истиот тој Шилегов ме обвинува мене дека ЈСП ќе биде во загуба. Мојот проект не е утопија, тоа е реалност. Вакви проекти има низ многу градови во Франција, Естонија, Луксембург. Скопјани заслужуваат модерен, брз и сигурен град, стои во реакцијата на Арсовска.
На Скопје му треба менаџер, а не политичар. На Скопје му требаат брзи и сигурни решенија. На Скопје му треба некој кој секојдневно се соочува со пробелмите и кој заедно со скопјани ќе најде решение за истите да ги реши. Доста ни е од лажни ветувања.
И јас и скопјани сакаме да ги промениме работите и не смееме да се откажеме. Само со силна борба ќе создадеме надеж дека ќе се придвижиме кон подобро.
Проектите кои се дел од мојата програма нудат брзи, сигурни, професионални решенија за проблемите со кое се соочуваат сите мои скопјани. И тоа ни е потребно веднаш, не за 10 или 20 години, додава Арсовска во реакцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.