„Во секој случај она што е важно пред се во овој сегмент, но не само во Сојузот на Стопански комори на Македонија, генерално во Светската федерација на комори каде што сум еден од луѓето кои што раководат со над 12.700 комори од целиот свет, мора прво да сте човек, да сте професионалец и луѓето го гледаат тоа“ изјави кандидатката за градоначалник за Град Скопје Данела Арсовска во емисијата Добро утро, секое утро на ТВ Алфа.

Таа додава:

Покажавме и докажавме дека во Македонија има луѓе со кои треба да се гордееме. Треба да се стимулираат, не само до сега, туку и од сега младите генерации кои што гледаме дека имаат голем потенцијал во себе, кои што гледаме дека носат нешто со себе, истакна таа.

На прашањето колку сака предизвици и дали се плаши од предизвици имајќи предвид дека функцијата градоначалник на Град Скопје е голем ризик, Арсовска беше децидна дека не се плаши од предизвиците, додавајќи дека најважно и било да покаже дека и некој кој што не е политичар може да успее во една ваква трка.

Не се плашам од предизвици. Целиот живот на секој од нас е предизвик сам по себе, а ова е нешто ново за мене затоа што сметам дека малку понечесна е оваа игра од она останатото кое што се случувало до сега низ мојот живот и работата. Меѓутоа верувам дека јас и како човек и како жена ќе успеам добро да се справам со тоа што ме очекува, а најважното од се ми беше да покажам дека и некој кој што не е политичар може да успее во една ваква трка и дека можам како независен кандидат за градоначалник да победам, истакна Арсовска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.