Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска најави дека до 31 јануари ќе бидат исчистени дивите депонии кои ги детектирале службите на Градот. Таа денеска беше на увид како се одвива чистењето на депонијата во близина на индустриската зона во Ѓорче Петров и најави дека депониите мора да бидат минато.

Дивите депонии во Скопје мора да бидат минато. Денеска бевме на увид како се одвива чистењето на депонијата во близина на индустриската зона во Ѓорче Петров. Таму постои континуиран проблем што во вечерните часови се фрла отпад. Сакам да најавам дека започнува засилено работата на инспекциските служби на град Скопје и дека со глоби за фрлање на отпад на јавна површина ќе се казнуваат оние кои наштетуваат на животната средина и здравјето на граѓаните.
Од сите нас зависи во каков град живееме и нема да има отстапки, време е да се стави ред. До 31 јануари ќе бидат исчистени дивите депонии кои ги детектиравме што веќе почнаа да се реализира во голем дел од општините во Скопје, а воедно се работи на системско решение за превенција, објави Арсовска на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.