Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска изврши увид во активностите за интензивно расчистување на дивите депонии во општините Бутел, Сарај и Карпош.
Градот Скопје, наведуваат оттаму во соопштение, започна со чистење на мапираните диви депонии низ населените места на повеќе локации.
Од првите денови од мандатот работиме на реализација на проектите чиј што рок на имплементација се токму 82 дена, а чистење на дивите депонии е еден од клучните приоритети. На дел од овие локации се предвидуваат нови зелени површини, а скопјани ќе добијат чиста, зелена и модерна европска метропола, изјави Арсовска при денешната контрола на активностите на терен.
Како што информираат од Град Скопје, истовремено, во соработка со другите градски општини, денеска на терен се чистат депониите во општините Гази Баба, Кисела Вода и Ѓорче Петров. Во соработка со здруженијата и граѓаните ќе се мапираат дополнителни локации на кои во моментов постојат диви депонии со цел нивно отстранување и санација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.