Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска се сретна со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија, по повод одбележувањето на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје.

На средбата, како што соопшти Град Скопје, се зборувало за значењето на организираната борба за слобода, за пожртвуваноста на многубројните борци кои ја извојуваа победата, како и за идеалите за современо општество.

Пожелувајќи им добро здравје и понатамошна успешна соработка, Арсовска им се заблагодари за храброста, силата и упорноста која ја покажаа сите борци во борбата за слобода за нас и за идните генерации. Таа истакна дека почитта кон ликот и делото на нашите народни херои и пожртвувани борци и нивниот непокор е ода на слободата и не потсетува колку е значајно да ја чуваме, пред се преку негување на човечноста и взаемната почит меѓу луѓето, се наведува во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.