Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, на социјалните мрежи објави фотографија како со уште пет други лица прави увид во нивелирањето на шахти низ главниот град.

Тоа вели, било еден од поголемите проблеми на кои се жалат граѓаните.

Започнавме со нивелирање на шахтите во Скопје кои се подигнати повеќе од нормалното или пропаднати под нивото. Денеска бев на проверка на работите на улицата ‘Митрополит Теодосиј Гологанов’ каде се поставуваат самонивелирачки шахти. Ова беше еден од поголемите проблеми за кој граѓаните се жалат, а неговото решавање е дел од програмата на Град Скопје за првите 82 дена од мојот мандат“, напиша Арсовска на објавата на социјалните мрежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.