Денеска кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, реализираше средба со Здружението на сопственици на дуќаните во Градски трговски центар Скопје, на која разговараа за моменталната состојба и се разгледаа идеи како да се подобри имиџот на центарот што е душата на градот.
Градскиот трговски центар беше место што претставуваше центар на случувањата во Скопје. Уникатноста на овој за Скопје препознатлив објект одамна е изгубена. Скопјани се носталгични кон живиот и динамичен Градски трговски центар. Затоа сметам дека е важно да го вратиме сјајот но пред се функционалноста на препознатливиот скопски објект. Ќе се залагам за отворена комуникација со претставниците на дуќаните која мора да стане пракса во иднина за заеднички да изнаоѓаме решенија за сите проблеми со кои се соочува трговскиот центар. Го ценам трудот на сите сопственици на дуќани, ја ценам нивната заложба што го одржуваат во живот Градскиот трговски центар, но сепак тоа не е доволно, потребна е силна поддршка од локалната самоуправа да создаде подобри можности за сите. Ќе предлагам сопствениците да бидат вклучени во изнаоѓање решенија кои најмногу ги засегаат нив.’
На самиот крај на средбата Арсовска и Здружението на сопственици од ГТЦ – Скопје, заклучија дека ГТЦ сеуште има потенцијал да биде центарот на локалната економија, преку привлекување на потрошувачите со атрактивни активности и понуди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.