Пумпна станица за трајно решавање на проблемот со водоснабдувањето, мега парк и кружен тек се трите клучни проекти од програмата на Арсовска наменети за Ѓорче Петров.
При неформалната средба со граѓаните на Ѓорче Петров, на неколку локации вклучувајќи го и зелениот пазар, Арсовска разговараше при што жителите на оваа населба отворено зборуваа за недостатоците во општината.
Жителите на Ѓорче Петров најмногу реагираат на недоволната хигиена во населбата, проблемот со уличните кучиња и воопшто негрижата за тревните површини а водоснабдувањето и намалениот притисок преставува сериозен проблем, за којшто ние во програмата имаме брзо и сигурно решение. Ѓорче Петров е една од поголемите општини што вклучува повеќе населени места и со тоа проблемите се зголемуваат, но за секој проблем, за секое населено место и општина, има конкретно и точно таргетирано решение. Затоа се обврзуваме дека ќе ги решиме сите проблеми и тоа веднаш после 17 октомври. Од првиот ден ќе започнеме со работа”, истакна Арсовска по средбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.