Независната кандидатка за градоначалничка на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска вечерва на централниот митинг му порача на својот противник, Петре Шилегов дека нема му помине ниедна црна кампања и дека ќе замине во историјата.

-Кога знаете дека живеете во загаден град и состојбата не се менува, тогаш знаете дека е време за промени. Време е да го одбраниме нашето Скопје. Не смее нашето Скопје да остане во рацете на човек кој не покажува грижа за овој град, нема реализирано голем број од проектите кои ги ветил. Ние граѓаните заслужуваме метропола која ќе пулсира со живот како во развиените европски метрополи. Овие избори се за решавање на проблемите на нашето секојдневние, порача Арсовска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.