Независниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, на денешното потпишување на Кодексот за фер и демократки избори ја истакна важноста за придржувањето кон прописите во спроведување на изборниот процес и личната заложба во својата професионална кариера за владеење на правото.

“Со потпишување на овој Кодекс ние се обврзуваме дека ќе ги гарантираме демократските процеси и ќе биде гаранција дека секој од нас ќе ги почитува принципите и владеењето на правото и со тоа ќе овозможиме сите процеси кои се гарантирани во текот на изборите, ќе се спроведат во фер и демократска атмосфера и ќе опстоиме на тоа. Како личност што не се занимава со политика, верувам дека на крај ќе можеме да се пофалиме со спроведување на овие  избори во позитивна атмосфера и дека ќе бидат светла точка во демократските изворни процеси. Од моја страна како човек со интегритет и како некој што во изминатите 20 години секогаш се залагал за владеење на правото, за почитување на прописите и законите, и сега и овој пат ќе биде така и се надевам дека и сите останати 11 кандидати ќе ги почитуваат овие принципи и ќе имаме фер и демократски локални избори во 2021 година”, истакна Данела Арсовска, независен кандидати за градоначалник на Град Скопје при потпишувањето на Кодексот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.