Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, истакнува дека бесплатниот градски превоз е проект што може да се спроведе, но дека тоа е постапка којашто ќе мора да биде изведена со направена детална анализа на сите аспекти од кои ќе зависи реализицаијата, за што ќе биде потрбено време и не е нешто што може да се направи преку ноќ.
Арсовска, на брифинг со медиумите, порача дека првиот чекор во сето тоа ќе биде да се направи увид во досегашното работење на ЈСП за да се види како доаѓа до загубите што тоа ги предизвикува.
Кога јавното претпријатие е претворено во загубар и со години и децении не се работело како што треба, состојбата не може да се реши за дв-три дена, но може полека да средат работите доколку се сака и добро се менаџира. Процесот си има нормален временски тек на одвивање. Предвидено е линиите на градскиот превоз да бидат продолжени, треба да се види динамиката односно фреквенцијата на возилата и затоа ќе соработуваме со сите градоначланиците на општините во Скопје и ќе се земат предвид нивните анализи за потребите на граѓаните – изјави Арсовска.
Прашана за проектот за „Рапид бас транспорт“ (БРТ) што го најавуваше претходниот градоначалник, Арсовска вели дека тоа не било дел од нејзината програма.
Таа појаснува дека ќе разговара со експерти и со претставници од Европската развојна банка, каде што е аплицирано за проектот, за да се добие јасна слика за тоа што е до сега направено.
Во мојата програма, којашто граѓаните ја избраа, се предвидени набавка на 250 нови еколошки автобуси. Проектот за БРТ не беше дел ниту од претходната програма на поранешниот градоначалник во која се ветуваше трамвај, туку се појави некаде кон крајот на 2019 година. Мене граѓаните на скопјани ми дадоа мандат да го реализирам тоа што е понудено во мојата програма и тоа планирам да го направам – истакна Арсовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.