Стопиран е тендерот за автобуско метро во Скопје или БРТ (Брз рапит транзит), претходно објавен на страната на Европска банка за развој и обнова.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, уште кога ја зеде фунцкијата најави укинување на проектот, а сега и официјално го стори тоа.
БРТ е релативно непознат концепт за граѓаните на Скопје. Според анализите кои биле изготвени минатата година за потребите на Град Скопје се укажува на бројни недостатоци и ризици од проектот кои ќе имаат влијание врз животната средина, што во никој случај не смее да се дозволи. Како што знаете во моментов се водат преговори со ЕБРД и по нивното завршување граѓаните ќе бидат информирани за договореното, велат од Град Скопје.
Првата претквалификациона фаза на меѓународниот тендер траеше до 14 декември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.