Галијата „Среќа“ во Вардар ќе продолжи да се урива, вели градоначалничката Данела Арсовска.

Галијата е завршена работа, има потпишано извршно решение од Петре Шилегов. Таму се постапува. За другите две треба да видам како стојат работите, до каде се постапките, па потоа ќе се одлучи што ќе се прави. Јас не би урнала ништо, кажа Арсовска.

Пред неколку дена сопственикот на бродот објави видео како ги брка со навреди и псовки работниците кои работат на уривањето.

Ексградоначалникот Петре Шилегов при почетокот на уривањето кажа дека се исполнети сите услови за нејзиното отстранување односно сопственикот немал платено три кирии, што според договорот овозможува негово раскинување. Шилегов ја почна постапката за уривање и на бродот кај МЕПСО, но за него сè уште нема извршно решение поради тужба на сопственикот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.